Почетна » Новости » Животни стории » Љубовна приказна која потсетува на филмската љубов од „The Notebook“

Љубовна приказна која потсетува на филмската љубов од „The Notebook“

Џек и Филиз Потер се пример за вистинска љубов која трае со децении. 91-годишниот старец секојдневно ѝ чита од својот дневник на 93-годишната сопруга со цел да ги одржи живи нејзините спомени.

Филиз боледува од деменција и нејзиното помнење бавно ја напушта, но Џек секој ден ја посетува во старскиот дом за да ја потсети на убавите мигови кои ги имаат преживеано заедно. Парот од Рочестер неодамна ја прослави својата 70-та годишнина и доби честитки од самата кралица Елизабета Втора.

Џек и ФилизЏек и Филиз

Постапката на Џек многумина ги потсети на љубовната приказна од филмот „The Notebook“.

Џек и Филиз се запознале во далечната 1941 година за време на игранка, а тој момент е забележан на една од страниците во дневникот на Џек. „Многу убава вечер. Играв со многу фина девојка. Се надевам дека ќе ја сретнам пак“ – пишувал во дневникот. Џек ја сретнал Филиз повторно, а 16 месеци подоцна стапиле во брак. До денес Џек ги забележува во дневници најважните мали настани за да ја држи својата сакана во тек со случувањата во нивните животи.

Дневникот на Џек Дневникот на Џек на страницата која ја опишува првата средба со Филиз

„Се сеќавам како да беше вчера кога за првпат ја сретнав – таа ми пријде и ме покани да танцуваме. Беше одличен партнер за играње и повозрасна жена – си помислив дека е прекрасна и сè уште го мислам тоа. Дефинитивно беше љубов на прв поглед, сè си дојде на свое место. Оттогаш сме заедно. Јас ги запишувам во моите дневници сите наши приказни и нашите внатрешни шеги. Заедно сме долго време, немавме деца, па сме само ние двајцата“ – изјавил Џек.

Свадбата на Џек и Филиз

Тој раскажал и дека освен што ѝ чита од дневниците, ѝ носи и фотографии од нивното минато, а таа секогаш му возвраќа со љубов. „Секогаш кога ќе одам да ја видам, таа ја испружува раката кон мене за да ме прегрне. Многу е полна со љубов, иако не се чувствува добро“ – раскажал тој.

Џек и Филиз

Својата 70-та годишнина парот ја прослави во старскиот дом каде што живее Филиз. „Бев пријатно изненаден од бројот на луѓе кои беа таму за да прослават со нас. Не знаев што да кажам. Обично ја прославуваме нашата годишнина тивко со вино и торта, но тие сакаа да направат нешто специјално. Луѓето секогаш нè прашуваат која е тајната за успех во бракот, а јас им велам: што ќе биде, нека биде. Нашите животи се испреплетени и претставуваат сè што човек може да посака“ – објаснил Џек.

Џек и Филиз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.