Почетна » Новости » Животни стории » Љубов во добро и во зло... Маж, кој остана парализиран на ергенската забава, се ожени за саканата 9 месеци по несреќата

Љубов во добро и во зло... Маж, кој остана парализиран на ергенската забава, се ожени за саканата 9 месеци по несреќата

Кога Брет Гринхил и Мег Александар тргнале на заедничката ергенска и моминска забава, очекувале луд викенд исполнет со незаборавни спомени. Но, за миг, нивниот живот тргнал во погрешен правец.

Брет Гринхил и Мег Александар

39-годишниот Брет играл американски фудбал со пријатели пред да одлучи да поплива. „Брет влезе во водата и одеднаш мојата пријателка Келси рече: 'Зошто Брет прави така? Зошто плови над водата?'. Јас ѝ возвратив дека тој сака да се шегува и таа отиде да го провери“ - раскажала Мег, која неколку секунди подоцна, слушнала врисоци.

„Истрчавме да го извлечеме од водата, а Келси му ја стабилизираше главата. Мајка ми викна брза помош“ - изјавила таа во интервју за списанието People.

Додека лежел на песокот, Брет се свртел кон неговата свршеница и ѝ рекол: „Не чувствувам ништо. Мег, те сакам многу, многу извини. Те сакам многу“. А таа веднаш му вратила: „И јас те сакам. Не се извинувај. Ќе дознаеме што не е во ред.“

Брет Гринхил и Мег Александар

Докторите заклучиле дека Брет останал парализиран од вратот надолу откако се удрил со главата во песочен насип и прогнозирале дека има 1% шанса да му се врати подвижноста.

Сепак, по несреќата, Брет со помош на физичка терапија успеал да си врати дел од силата во рацете и зглобовите, а кај него сè е уште е силна желбата еден ден повторно да прооди.

Брет Гринхил и Мег Александар

Девет месеци подоцна, Брет и Мег се заколнале на вечна љубов.

„Тоа беше највозбудливиот и најспецијалниот ден. Немаше суви очи на свадбата. Велат, во добро и во зло, во богатство и сиромаштија - претпоставувам ние го поминавме тоа рано. Би сакале да создадеме семејство во следните две години. Сè се промени, но ние сме решени да го живееме животот којшто го посакувавме за нас“ - рекла Мег.

Брет Гринхил и Мег Александар Брет Гринхил и Мег Александар Брет Гринхил и Мег Александар

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.