Почетна » Новости » Животни стории » По 62 години брачен живот, заедно го напуштиле овој свет

По 62 години брачен живот, заедно го напуштиле овој свет

Приказната за Дон и Максин Симпсон асоцира на холивудски филм, бидејќи е доказ за моќта на љубовта и силата на болката кога срцето е скршено од тага. По 62 години брачен живот, Дон и Максин од Калифорнија заедно заминале од овој свет.

Дон и Максин Симпсон Дон и Максин Симпсон

„Сѐ што Дон некогаш сакаше е да биде со својата прекрасна сопруга. Тој ја обожаваше мојата баба“ – изјавила внуката Мелиса Слоан.

Дон и Максин се запознале на куглање, стапиле во брак неколку години подоцна и станале неразделни. Заедно го пропатувале светот и посвоиле две момчиња.

Дон и Максин Симпсон Дон и Максин Симпсон

Пред неколку седмици Дон си го скршил колкот, а Максин забрзано ја губела битката со рак. Па, семејството на саканиот пар одлучило да ги спои во една соба за да минуваат што повеќе време заедно. Креветите на Дон и Максин биле поставени еден до друг и во последните денови парот постојано се држел за раце и разгледувал фотографии од семејни албуми.

Дон и Максин Симпсон

Максин починала, држејќи го Дон за рака. Додека семејството го вадело телото на Максин од собата, Дон издишал за последен пат. „Тој престана да дише кратко време откако таа ја напушти собата. Длабоко во срцето знам дека тоа требаше да се случи. Тие го напуштија овој свет заедно“ – рекла Мелиса.

Дон и Максин Симпсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23550 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.