Почетна » Новости » Животни стории » „Најдобрата одлука во мојот живот“: Наставник ѝ донираше бубрег на колешка и ѝ го спаси животот

„Најдобрата одлука во мојот живот“: Наставник ѝ донираше бубрег на колешка и ѝ го спаси животот

Добрината на некои луѓе не познава граници.

Наставник несебично ѝ го донираше бубрегот на своја колешка, спасувајќи го нејзиниот живот.

Кога Мајкл Дејнман од Њу Џерси дознал дека колешката Лорен Крупи има потреба од бубрег, без многу двоумење одлучил да ѝ го даде „дарот на животот“.

Мајкл Дејнман Мајкл Дејнман

„Беше 1 јануари. Сопругот на Лорен ја објави на Facebook целата приказна и напиша дека бараат донор. Ми требаше само еден ден за да размислам за тоа. Во најголемиот дел од тој ден истражував, а потоа го контактирав сопругот на Лорен, Пол. Тој ми даде повеќе информации и тоа беше тоа“ – раскажал Мајкл.

Лорен има ретко генетско заболување на бубрезите MUC1, наречено по генот кој е мутиран кај лицата кои го имаат. Тоа може да доведе до бубрежни проблеми во тинејџерските години или малку подоцна и најчесто е потребна дијализа или трансплантација понатаму во животот.

„Примав лекарства за да го забавам напредувањето на болеста колку што можев. Во последните неколку месеци пред трансплантацијата, се чувствував навистина лошо. Бев многу уморна и останував без здив. Имав сив тен, анемична бев и постојано ми студеше“ – рекла таа.

Мајкл во април откри дека е компатибилен донор, а операцијата била направена на 1 јуни. И двајцата сега се чувствуваат одлично и се вратија на работа.

„Со моето семејство никогаш нема да можеме да му се заблагодариме доволно на Мајкл, но ќе се обидуваме до крајот на нашите животи. Сето ова му го должам нему и во животот, сите идни моменти кои ќе ги имам, му ги должам нему. Бескрајно сме му благодарни за дарот којшто ми го подари“.

Мајкл Дејнман

„Неверојатно се чувствувам благодарение на Мајкл. Неверојатно е да можам да имам рутини и да сум со моите деца“– вели благодарната жена, која е мајка на две деца.

Мајкл Дејнман Мајкл Дејнман

За Мајкл, донирањето бубрег е најдобрата одлука која некогаш ја донел во животот.

„Најдобрата одлука во мојот живот. Имаше една недела, еден месец болка, но тотално вредеше. Среќен сум што сè се среди. Среќен сум што мојата пријателка е здрава и што се врати на работа. Сега таа ми е сестра. Јас веќе имав три сестри, сега имам четири. Целото нејзино семејство, сега е и мое семејство“ – вели тој.

Двајцата наставници го користат моментот да ја зголемат свеста за донирањето органи и велат:

„Ако сте здрави и имате здрави бубрези, можете да промените нечиј живот. Се надеваме дека го имате тоа предвид, бидејќи е најголемиот подарок што некогаш можете да го дадете“.

Мајкл Дејнман Мајкл Дејнман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.