Маж, кој преживеа под урнатините во Турција речиси 11 дена и беше спасен, се обедини со сопругата и бебенцето во болница.
Видео од моментот кога Мустафа Авџи дозна дека неговото семејство преживеа брзо се распространи на интернет. Заедно со видеото се шират и фотографиите од средбата на Мустафа со неговата сопруга и ќерката која се роди на денот на земјотресот.
На снимката направена непосредно по спасувањето, 33-годишниот Турчин разговара со брат му кој му кажува дека неговите најмили преживеале и дека чекаат да го видат.
Mustafa Avci, recently rescued from under the rubble 261 hours after devastating earthquakes hit southern Türkiye, has been reunited with his wife and their newborn baby girl, just 12 days old
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) February 17, 2023
LIVE updates here: https://t.co/rjJzOvo2mE pic.twitter.com/rLWaWbxQpR
Мустафа бил во мензата на болницата во Антакија за да купи храна кога настапил првиот разорен земјотрес од 7,8 степени според Рихтер. Тој беше спасен 261 час по земјотресот.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228