Мајка и бебе беа спасени од под урнатините во Хатај, Турција.
Околу 29 часа по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, Хулја Јилмаз и нејзината ќерка Ајше Вера беа живи извлечени од страна на спасувачите. Видеа и фотографии од моментот на спасување на 30-годишната мајка и 6-месечното бебе се шират на социјалните мрежи, давајќи им надеж на сите луѓе кои трагаат по најблиските кои сè уште се заробени под рушевините.
#Hatay'ın Odabaşı Mahallesi'nde, depremlerde yıkılan binanın enkazından 30 yaşındaki Hülya Yılmaz ve 6 aylık bebeği Ayşe Vera Yılmaz, 29 saat sonra sağ çıkarıldı. #Deprem pic.twitter.com/5wIyDgoVu3
— Orhan Atak (@orhannatak) February 7, 2023
На Twitter беше објавено и видео од спасувањето на 2-месечно бебе во истата покраина.
29 hours after the earthquake in turkey a 2 month year old baby has been rescued.. #hatay #deprem pic.twitter.com/8KdSAOVdoB
— alex (@alexntwt) February 7, 2023
Првиот разорен земјотрес во Турција и Сирија се случи вчера во раните утрински часови додека најголем дел од луѓето спиеја. Досега, бројот на жртви надмина 5.000, но за жал, се очекува да биде поголем.