Почетна » Новости » Животни стории » Жена спасена од под урнатините го раскажа лошото искуство и порача: „Не го одложувајте она што сакате да го направите“

Жена спасена од под урнатините го раскажа лошото искуство и порача: „Не го одложувајте она што сакате да го направите“

Жена, која помина два дена под рушевините од својот дом пред да биде спасена, го раскажа своето искуство.

Гизем Озкан од Адијаман била заробена 54 часа пред спасувачите да ја извлечат и одведат во болница во Измир. Во тие лоши моменти, 28-годишната аптекарка си пеела приспивни песни за да заспие, а кога била будна, постојано мислела на вода.

Гизем од болничкиот кревет го раскажа своето лошо искуство и на сите луѓе им порача никогаш да не губат надеж и да престанат да ги одложуваат нештата кои сакаат да ги направат.

Гизем Озкан

Еве ја нејзината изјава за турските медиуми:

Првиот час беше тежок, беше неверојатно тешко. Навистина посакуваш да умреш со целото срце. Понекогаш, последователните потреси прават да посакуваш да си мртва.

Првиот час е тежок. Но, по првиот час се навикнуваш. Кога ќе слушнеш глас однадвор, кога ќе има шанса да бидеш спасена, започнуваш да се опоравуваш.

Пеев песна за да ми помогне да заспијам, да се утешам себеси. Понекогаш, не можеш да спиеш, невозможно е да спиеш, па заспиваш пеејќи приспивни песни. Кога бев будна, помислував: „Дали некогаш ќе можам да се напијам вода?“. Постојано мислиш на вода. Најчесто пијам многу вода, ми се допаѓа. Си ветив себеси дека ќе пијам вода нонстоп кога ќе излезам.

Луѓето не треба да губат надеж што и да се случува. Мислев дека ова ќе ми биде последната година. Му благодарам на Бог што тоа не се случи.

Луѓето треба да живеат како што сакаат. Ова ќе им го кажувам на сите. Не го одложувајте она што сакате да го направите. Не го одложувајте ниту една минута.

Гизем имаше среќа што го преживеа разорниот земјотрес од 7,8 степени кој изминатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Бројот на потврдени жртви надмина 40 илјади.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

- Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

- како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

- За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Цртежи за земјотресите во Турција и Сирија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.