Почетна » Новости » Животни стории » „Мислев дека ќе бидат 7“: Мајката која роди рекордни ДЕВЕТ бебиња проговори за необичното породување

„Мислев дека ќе бидат 7“: Мајката која роди рекордни ДЕВЕТ бебиња проговори за необичното породување

Сторијата на Халима Цисе го обиколи светот во мај, кога се расчу веста дека роди рекордни девет бебиња и за среќа, сите преживеаја.

26-годишната мајка сè уште закрепнува по тешката бременост додека нејзините дечиња се во инкубатори во болница во Мароко.

„Беше тотален шок кога дознав дека ќе имам девет бебиња, затоа што мислев дека ќе бидат седум“ – изјави Халима, која ја слушнала вистинската бројка на бебињата непосредно пред породувањето.

Халима

Халима била породена со царски рез во Мали, а петте девојчиња и четирите момчиња тежеле од 500 до 1.110 грама. Поради деликатната состојба, владата на Мали организирала сите да биде пренесени во Мароко за да добијат подобра грижа.

Халима Халима

Младата мајка е пресреќна што има голем медицински персонал за да ги негува нејзините малечки, бидејќи таа сè уште е истоштена. „Раѓањето на едно дете е доволно тешко, а раѓањето на девет е незамисливо. Зачудувачки е колку многу работа има околу грижата за нив“ – вели таа.

За тоа колку многу работа има персоналот говори фактот што бебињата мора да бидат хранети на секои 2 часа со млеко од формула, се прегледуваат од специјалисти на секои 3 часа, а медицинските сестри им менуваат вкупно 100 пелени дневно.

Халима, која тврди дека забременила по природен пат, за малку ќе го изгубела животот за време на породувањето, но докторите ја спасиле. Се проценува дека само нејзиниот стомак тежел 30 килограми.

„За среќа, не морам да станувам навечер ако се расплачат бебињата, затоа што сестрите се справуваат со тоа, па успевам добро да спијам. Среќна сум што сум жива и што ја имам сета оваа поддршка“ – вели таа.

Халима Халима Халима

Сите бебиња засега напредуваат одлично и се очекува да ја напуштат болницата за два месеца.

Халима и нејзиниот сопруг се родители и на 2-годишно девојче.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.