Почетна » Новости » Животни стории » Маратонец трча туркајќи ја мајка си во количка и заедно ја подигнуваат свеста за мултипла склероза

Маратонец трча туркајќи ја мајка си во количка и заедно ја подигнуваат свеста за мултипла склероза

Шпански атлетичар, кој трча маратони туркајќи ја во количка мајка си, сруши Гинисов рекорд и си го оствари сонот.

Ерик Доминго Роланд се запиша во Гинисовата книга како „најбрзиот маратонец кој турка количка“. И сето тоа го постигна за неговата мајка Силвија, која страда од мултипла склероза. Дуото мајка-син ја подигнува свеста за болеста и собира средства за истражувања поврзани со истата.

Ерик и Силвија поминаа 42 километри за 2 часа, 53 минути и 28 секунди.

Ерик Доминго Роланд Ерик Доминго Роланд

На Силвија ѝ била дијагностицирана мултипла склероза кога Ерик имал само 7 години. Сакајќи да направи нешто во врска со тоа, во 2016 година започнал на различни начини да ги информира луѓето за МС и да трча со мајка си. Тоа му помогнало да се поврзе со неа уште повеќе.

„Сметав дека ова ќе биде добар предизвик за двајцата, за мене и за мајка ми, бидејќи таа се соочува со предизвици уште од кога бев дете, па мислев дека ќе ѝ се допадне“ – објаснил Ерик

„Ме полни со живот и ми дава мир тоа што можам да ги видам пејзажите. Што е најважно од сè, ми дава неверојатна слобода“ – додала Силвија.

Ерик Доминго Роланд Ерик Доминго Роланд

Ерик и во 2020 се обиде да го сруши Гинисовиот рекорд, но неуспешно. Лани, тие трчале во родниот крај во Барселона, Шпанија, и успеале да си го остварат сонот.

„Чувствував среќа од првиот километар до последниот зашто мајка ми никогаш не престана да ги бодри и охрабрува другите натпреварувачи, а тоа е најдобриот дел од тоа што трчаме заедно. Имаше моменти кога се чувствував емотивно кога ќе се сетев на тешките времиња како на пример кога мајка ми имаше КОВИД во август. Но, толпата ни покажа огромна љубов и поддршка.“

„Кога започнавме да трчаме, мама беше најсреќната личност на светот, се смееше, се кикотеше и навиваше“ – рекол Ерик.

„Ни се оствари сонот. Кога стигнавме на целната линија, само сакав да ја гушнам мама и да ѝ кажам дека успеавме, дека го направивме тоа за неа и за мултипла склерозата. Поминувањето на таа линија значеше дека го направивме она што го ветивме откако поминавме низ најтешкиот период од нашите животи“ – додал тој.

Ерик Доминго Роланд Ерик Доминго Роланд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.