Кристина Еплгејт води тешка борба со мултипла склероза. 51-годишната актерка присуствуваше на доделувањето на SAG Awards во Калифорнија и изјави дека ова може да ѝ е последното доделување на награди на кое ќе присуствува како актерка.
На свеченоста, Кристина пристигна со 12-годишната ќерка Сејди.
Еплгејт беше номинирана во категоријата Најдобра изведба од актерка во серија комедија, но не ја освои наградата.
Неодамна, таа изјави дека не може да продолжи да снима филмови и серии како претходно. „Сега, не можам да си замислам да станувам во 5 часот наутро и да минувам 12 до 14 часа на снимање. Во моментов ја немам таа сила во мене“ – рекла таа.
На Кристина ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза во 2021 година.
Еплгејт во 2008 година се бореше со рак на дојка. По извршена двојна мастектомија, беше објавено дека нејзината болест е во ремисија.