Почетна » Новости » Животни стории » Како на филм: Жена се разбуди од кома еден ден пред да ѝ ги исклучат апаратите, пет месеци подоцна истрча маратон

Како на филм: Жена се разбуди од кома еден ден пред да ѝ ги исклучат апаратите, пет месеци подоцна истрча маратон

„Секогаш има надеж. Морате да останете позитивни и да имате надеж“ – ова е пораката на Рејчел Фостер, која се разбуди од кома еден ден пред закажаното исклучување на апаратите. И како тоа да не беше доволно големо чудо, Рејчел успеа да го истрча Бостонскиот маратон 5 месеци подоцна.

Рејчел Фостер Рејчел Фостер Рејчел Фостер

35-годишната Американка била на вечерно излегување со сопругот Џон кога одлучиле да се повозат со електрични скутери. Од непознати причини, таа изгубила свест и паднала од скутерот, кршејќи 17 коски од нејзиното тело.

Рејчел Фостер Рејчел Фостер

„Истрчав до неа и видов дека не реагира. Очите ѝ беа отворени, зјапаше во ништо и се бореше за здив“ – рекол Џон.

Докторите утврдиле дека таа има трауматска повреда на мозокот, а неврохирурзите увиделе дека крварењето и притисокот во главата на Рејчел се преголеми. Таа морала да биде оперирана и ѝ бил отстранет дел од черепот за да се намали притисокот.

Повеќе од една недела, Рејчел била во кома без никакво подобрување и не можела да дише самостојно. Штетата во нејзиниот мозок само се зголемувала од ден на ден.

Рејчел Фостер

На 19 ноември, минатата година, само еден ден пред да ѝ бидат исклучени апаратите кои ја одржувале во живот, Рејчел започнала да се буди.

„Таа ги отвори очите. Докторот ѝ рече да му ја стегне раката ако го слуша неговиот глас и таа го направи тоа. Подоцна, истото го повтори и со другата рака. Тој побара од неа да ги мрдне прстите на нозете и таа ги мрдна на двете нозе“ – раскажал Џон.

Сепак, Рејчел сè уште не дишела сама повеќе од 10 дена. Потоа, докторот побарал од неа да вдише откако ќе ги исклучи машините, а таа го направила токму тоа.

„Буквално со едно трепкање на очите сè се промени“ – додал Џон.

Пред несреќата, Рејчел била екстремно активна личност и имала истрчано 10 маратони. Таа се имала пријавено и имала платено за учество на Бостонскиот маратон и не планирала ништо да ја спречи во нејзината намера. Ниту тешката несреќа во која за малку ќе го изгубеше животот.

„Уште пред да може да стане сама и да започне да оди, од болничкиот кревет ми велеше дека сè уште сака да го истрча Бостонскиот маратон“ – рекол Џон и додал: „Секој ден откако ќе имаше 4-5 часа терапија ме тераше да одиме на пешачење за да може да вежба одење“.

Рејчел Фостер Рејчел Фостер Рејчел Фостер Рејчел Фостер

Физичката активност и нејзината вродена тврдоглавост многу ѝ помогнале на Рејчел да се опорави.

„Јас сум атлетичарка во срцето и трчањето ми носи големо задоволство. Ме ослободува од стресот. Но, знаев дека не сум во форма за трчање – едвај можев да си го помрднам телото“ – рекла таа.

За нејзина среќа, само 5 месеци подоцна, на 17 април, таа успеа да истрча 42,195 километри, а мислите кои се вртеле во нејзината глава биле:

„Се вратив од мртвите. Тоа е голема работа... тоа е тешка мисла. Но, тука сум и трчам. Правам нешто што многу луѓе ќе речат дека е лудост“.

Парот се надева дека ќе ги инспирира останатите луѓе да не губат надеж и да веруваат во чуда.

„Секој ден се трудиме да го правиме она што е исправно, да го сакаме Бог, да имаме позитивно однесување и да бидеме благодарни што со ова ги охрабруваме луѓето“ – рекол Џон.

Рејчел Фостер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.