Почетна » Новости » Животни стории » Заедно се 82 години и тврдат: „Вистинската љубов никогаш не исчезнува“

Заедно се 82 години и тврдат: „Вистинската љубов никогаш не исчезнува“

„Сега сме позаљубени отсекогаш. Ние сме доказ дека вистинската љубов никогаш не исчезнува“ – велат Лајонел и Елен Бакстон, кои се заедно 82 години.

Лајонел и Елен БакстонЛајонел и Елен Бакстон

Среќните пензионери во текот на сите тие години поминале само една вечер разделени. „Всушност ние никогаш не сме биле разделени и никогаш не сме сакале некој друг. Отсекогаш сме биле среќни, затоа што сме добри пријатели исто како што сме сопруг и сопруга. Секогаш се трудиме да имаме убави вечери некаде надвор, без разлика дали тоа е романтичен оброк или играње бинго“ – изјавила Елен.

100-годишната Англичанка и нејзиниот 99-годишен сопруг се запознале во 1930 година, а стапиле во брак шест години подоцна.

„Толку добро се сложувавме, излеговме неколку пати и станавме пар. На крајот стапивме во брак. Ќе го сторевме тоа и порано, но не можевме да си го дозволиме“ – изјавил Лајонел.

Елен и Лајонел секогаш се поддржувале низ тешките периоди. На 90-годишна возраст на Елен ѝ бил дијагностициран рак на дебелото цревo и бидејќи била премногу стара за хемотерапија, ѝ била направена операција. Иако шансите да преживее ѝ биле мали, со операцијата туморот бил отстранет и таа продолжува со силна борба против болеста.

Елен и Лајонел се во право, тие навистина се доказ дека вистинската љубов постои и не избледнува со текот на времето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.