Досега се направени стотици истражувања кои трагаат по тајната за среќен и успешен брак. Но, нема подобар одговор на прашањето која е тајната на среќниот брак, од одговорот даден од парот кој го има најдолгиот брак.
Liu Fuben (95), кој е во брак 85 години со Shi Jihui (100), вели дека тајната на успешниот брак е „жената е секогаш во право“.
Кога бил запрашан која е тајната на нивниот брак, тој одговорил: „Бегајте од расправиите како од чума и запомнете го златното правило – таа е секогаш во право“.
Овој пар пред 85 години влегол во брачните води со договорен брак, како што било тоа традиција во Кина. Во моментот кога станале маж и жена, Liu бил 10 години, а неговата сегашна сопруга Shi – 15.
Дека нивната љубов сè уште трае потврди и нивниот 64 годишен син, кој изјавил: „Тие сè уште се сакаат вистински.“
Овој среќен пар поддал барање за да влезе во Гинисовата книга на рекорди.