Жена го победи ракот неколку месеци откако сними моќна фотосесија во боречки ринг.
Тифани дознала дека има рак на дојка еден месец пред нејзината свадба и морала да помине низ повеќе рунди хемотерапии. Кога косата започнала да ѝ опаѓа, болната девојка ѝ се јавила на својата фотографка и ѝ рекла дека сака да го овековечи моментот кога ќе си ја избричи главата.
Фотографиите на кои Тифани смело позира во боречки ринг минатиот ноември станаа вирален хит на социјалните мрежи и многумина се молеа за нејзиното оздравување. Во нивниот опис, фотографката Келси напиша:
Рак на дојка.
Замислете да го слушнете тоа на прегледот со мамограм еден месец пред вашата свадба. Денот за кој се подготвувавте и за кој сонувавте цела година.
Неделата пред свадбата се сретнав со Тифани и Брајан за да разговараме за нивниот голем ден. Тој ден, таа ми дозволи да ја почувствувам грутката со големина на бејзбол топче на нејзината града. Дури и самата помисла на тоа сега ме наежува. Неверојатно е колку агресивно може да расте во твоето тело нешто такво, а ти да немаш претстава.
Сега повторно стојам пред Тифани и нејзиното семејство, само што сега стоиме заедно за нешто што е далеку од среќата што заедно ја споделивме на свадбениот ден.
Тиф си ја избричи главата поради хемотерапиите. Следниот ден требаше да ја заврши петтата рунда хемотерапии и се појави на терминот изгледајќи како друга личност.
Во изминатите пет недели, косата на Тифани премина од бујна и густа во раце полни испаднати прамени под тушот.
Сакав да ги доловам емоциите, но исто така колку е моќна и силна Тифани. Таа несомнено е една од најсилните жени. Иако ова е сериозно и ја скрши, таа продолжува да го живее животот најдобро што може.
Само напред Тифани. Победи го ракот, девојко. Сите навиваме за тебе...
Пред неколку дена, Келси објави дека Тифани доби позитивни вести и дека нејзината борба со ракот завршила.