Почетна » Новости » Животни стории » Жена 17 километри го носеше на рамо своето старо куче за да избега од Украина: „Не можев да ја напуштам мојата Пулја“

Жена 17 километри го носеше на рамо своето старо куче за да избега од Украина: „Не можев да ја напуштам мојата Пулја“

Жена од Киев го носеше на рамо своето старо куче цели 17 километри додека да ја премине границата со Полска и да стигне на безбедно.

Алиса

35-годишната Алиса го напуштила родниот крај со своето семејство, а во автомобилот се возеле деветмина, меѓу кои четири деца. Тие не ги изоставиле и нивните две кучиња. Кога наближиле до полската граница, виделе дека има премногу автомобили, па решиле да пешачат 17 километри до границата.

„Тргнавме во 4 часот наутро. Беше минус 7 степени. Беше тешко патување меѓу планини и реки. Моите деца плачеа од студ. Сакав и јас да плачам, но не смеев да се откажам... моја беше идејата да стигнам до границата“ – објаснила таа за моментот кога одлучиле да пешачат до Полска.

Нејзиното куче Пулја, кое има 12 и пол години, давало сè од себе за да оди, но било премногу старо за да продолжи. По еден километар, тоа паднало на земја и не можело да продолжи.

Алиса

„Запрев неколку автомобили и побарав помош, но сите одбија да го земат. Тие нè советуваа да ги оставиме нашите кучиња. Но, тие се дел од семејството. Моето куче ги живееше сите среќни и тажни моменти со нас. Кучето на мајка ми е сè што ѝ остана од претходниот живот“ – рекла таа.

Така Алиса одлучила да ја носи Пулја на рамо, а одвреме-навреме нејзе ѝ помагал сопругот. Километар по километар, тие успеале да стигнат до границата.

„Кога ги направивме првите чекори во Полска, ги покажавме нашите пасоши. Тогаш сфатив дека ќе бидеме добро, дека сме на безбедно место“.

Алиса Алиса

„Голем дел од моите пријатели сè уште се во Киев. Некои од нив се во Каркив во бункери со мали деца. Не можам да замислам како се чувствуваат сега. Секогаш плачеме кога гледаме вести тука во Полска. Плачам затоа што не ми се верува што се случува.“

„Го оставив сопругот зад себе на границата. Срцето ми е скршено, бидејќи никогаш не сме биле разделени. Тој е дел од мене, најголемиот дел од мене, тој ми е најдобриот пријател, советник. Нема мажи со нас“ – вели таа.

Алиса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.