Почетна » Новости » Животни стории » 11-годишно момче од Украина само патуваше до Словачка со телефонски број напишан на раката

11-годишно момче од Украина само патуваше до Словачка со телефонски број напишан на раката

Момче од Украина само патуваше речиси 1.000 километри и пристигна на границата со Словачка каде топло беше пречекано од волонтерите.

11-годишниот херој со воз го напуштил родниот крај, носејќи со себе само една кеса, пасош и телефонски број запишан на неговата рака за да им се јави на роднини во Братислава. Неговата мајка морала да остане во Запорожје за да се грижи за нејзината неподвижна мајка.

Момче Момче Момче

Веста за безбедното пристигнување на момчето ја објавија од Министерството за внатрешни работи.

„Ни течат солзи од очите. Ова е најголемиот херој вечерва. Волонтерите се погрижија за него, го однесоа на топло и му обезбедија храна и пијалаци за следното патување. Благодарение на бројот на неговата рака и парче хартија на неговата половина, тој успеа да стапи во контакт со роднините, кои подоцна дојдоа да го земат. Приказната имаше среќен крај“ – напишаа од словачката полиција на Facebook.

Момче Момче Момче

Мајката на момчето, Јулија, во емотивно видео објасни зошто го качила синот сам во воз.

„Јас сум вдовица и имам и други деца. Сакам да им се заблагодарам на словачките граничари и на волонтерите што се погрижија за мојот син и му помогнаа да ја премине границата. Благодарна сум што му го спасивте животот на моето дете. Веднаш до мојот град има нуклеарна централа по која се пукаше. Не можев да ја оставам мајка ми, таа не може да се движи сама“ – рекла Јулија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.