Почетна » Новости » Занимливости » Момче принудено да ја напушти Украина и да ги остави омилените LEGO коцки доби подароци од целиот свет

Момче принудено да ја напушти Украина и да ги остави омилените LEGO коцки доби подароци од целиот свет

Приказната на Андреј Сидиров ќе ви ја врати вербата во човештвото.

11-годишното момче било принудено да ги остави зад себе сите свои LEGO коцки кога избегало од Украина во Ирска. Откако татко му Игор објави апел за помош на социјалните мрежи, луѓе од целиот свет започнаа да му испраќаат пакети со коцки, греејќи им ги срцата на неговите родители.

Андреј Сидиров

„Многу луѓе ни испратија многу кутии, нови LEGO, користени LEGO, па мојот Андреј веќе создава играчки повторно. Многу е среќен. Седум дена нонстоп гради со LEGO“ – рекол таткото.

Андреј е LEGO фанатик. Тој има YouTube канал и Instagram профил каде ги објавува своите дела. За жал, семејството морало да остави сè зад себе и да ја напушти татковината.

Неодамна, Игор ги замоли луѓето кои имаат вишок коцки, да му помогнат на неговиот син.

„Мојот најголем син конструира и создава различни LEGO играчки на полу професионално ниво без инструкции. Тој е многу паметен, но војната промени сè. Ги оставивме сите наши LEGO во Украина. Ве молам помогнете ми! Ни требаат какви било LEGO, која било големина и боја во каква било количина. Сè е за развојот на детето“ – напиша таткото во апелот кој допре многу срца.

Андреј Сидиров Андреј Сидиров

Ирска ги отстрани ограничувањата за Украинците кои пристигнуваат во земјата. Тоа им овозможува да влезат во државата без виза, да имаат пристап до здравствените услуги и право да работат.

Андреј Сидиров

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.