Малото девојче, кое го одушеви светот со изведбата на „Let It Go“ во бункер во Киев, ја испеа украинската химна во Полска.
7-годишната Амелија Анисович настапи на концерт откако успеа безбедно да ја премине границата со својот брат Миша и баба си. Во арената „Атлас“ во градот Лоѓ присуствувале илјадници луѓе.
Амелија стана вирален хит на социјалните мрежи во март кога беше снимена како го пее познатиот дизниев хит од „Frozen“ додека се криеше во подземен бункер.