Добродушни жени од Канада го користат својот талент за да им помагаат на бегалци од Украина.
Волонтерите, од кои повеќето се пензионирани жени, неуморно работат за да им понудат топло добредојде на лицата кои пристигнуваат во канадската покраина Манитоба. Тие создаваат прекривки кои подоцна им ги донираат на оние кои оставиле сè зад себе и го напуштиле домот само со неколку парчиња облека.
Оваа иницијатива била поттикната од Маурин Кар, која откако слушнала за ситуацијата во Украина, сакала да помогне на некаков начин. Таа објавила повик за акција на Facebook и била изненадена од одзивот.
Уште во првите денови се пријавиле 15-20 волонтери, од кои дел шијат, а дел ги пеглаат и складираат јорганите и прекривките.
„Тие немаат ништо. Ова ќе биде нешто кое ќе им припаѓа нив“ – изјавила Маурин. „Кога ќе гледаат телевизија или читаат книга, ќе го имаат овој прекривач за да го завијат околу нив и да знаат дека има некој кој се грижи“ – додала таа.
„Добредојдовте во Канада. Ние се грижиме“ – пишува на парче ткаенина кое го зашиваат на прекривките.