Почетна » Новости » Животни стории » Емотивен момент: Син кој бил украден по раѓањето за првпат ја прегрнува мајка си по 42 години

Емотивен момент: Син кој бил украден по раѓањето за првпат ја прегрнува мајка си по 42 години

Џими Тајден прв и последен пат беше виден од мајка си пред 42 години, а дури сега повторно се обедини со неа.

42-годишниот маж бил украден по раѓањето од медицинскиот персонал и предаден на лица вклучени во трговија со деца. На неговата мајка ѝ било кажано дека тој починал, а кога го побарала неговото тело ѝ рекле дека се ослободиле од него.

„Здраво мама. Те сакам многу“ – ѝ вели низ солзи тој на жената која го роди и изгуби во истиот ден.

Џими Тајден Џими Тајден Џими Тајден Џими Тајден

Случајот на Џими не е единствен таков во Чиле. Неговото грабнување коинцидира со многу други нарушувања на човековите права кои се случија за време на 17-годишното владеење на Аугусто Пиноче од 1974 до 1990 година.

Непрофитната организација „Nos Buscamos“ им помага на посвоени лица од Чиле да се обединат со биолошките семејства. Организацијата смета дека десетици илјади бебиња биле украдени од семејствата во периодот од 1970-1980 година.

Џими Тајден

Откако слушнал за многу вакви случаи, Џими започнал да истражува и ја пронашол неговата мајка, четирите браќа и сестрата. Од семејството тој бил пречекан со 42 балони како симбол на годините поминати подалеку од нив.

Џими Тајден

Родителите кои го посвоиле Џими не биле свесни за неговото потекло.

Џими Тајден Џими Тајден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.