Почетна » Новости » Животни стории » Божиќ дојде порано за татко на три деца со неизлечив рак кој има уште неколку недели живот

Божиќ дојде порано за татко на три деца со неизлечив рак кој има уште неколку недели живот

Божиќ дојде порано за Метју Сендбрук, кој пред неколку недели ја слушна најлошата можна вест – дека има неизлечив агресивен рак на мозокот и дека му остануваат броени денови живот.

Кога докторите му ја соопштиле ужасната дијагноза, 36-годишниот татко на три деца бил многу тажен, зашто мислел дека нема да дочека уште еден Божиќ со најмилите.

Но, токму неговите најблиски дадоа сè од себе за да му ги развеселат последните денови од животот. Тие организираа улична божиќна забава на која се појавија 200 лица со божиќни џемпери, подароци, па дури и машина за правење снег.

Тој не можеше да си ги задржи солзите:

„Сè се случи многу брзо и неговото време беше скратено. Неговото најблиско семејство одлучи да го премести Божиќ за тој да може да прослави со неговите сакани, со неговите момчиња и партнерката“ – рекла една од организаторките на забавата.

Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук

Метју имал главоболки две години пред дијагнозата, но мислел дека се предизвикани од ноќните смени во фабриката во која работел. Сега на сите им порачува навреме да одат на лекар доколку имаат некакви симптоми.

„За мене е предоцна, но можеби некој таму може да се спаси ако оди на лекар“ – вели тој.

Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук Метју Сендбрук

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.