Почетна » Новости » Актуелно » Џиџи Хадид уапсена на одмор за поседување на марихуана

Џиџи Хадид уапсена на одмор за поседување на марихуана

Џиџи Хадид беше уапсена за поседување на марихуана и опрема за дрога на Кајманските Острови. Популарниот модел беше приведен заедно со пријателката Леа Никол Мекарти.

Џиџи Хадид

Двете девојки пристигнале на Големиот Кајман со приватен авион и нивниот багаж бил скениран, а потоа и претресен. Пребарувањето резултирало со пронаоѓање на мала ќесичка со марихуана и реквизити за консумирање на дрога.

Откако накратко биле приведени, тие платиле кауција и биле пуштени на слобода. Два дена подоцна, признале дека се виновни пред суд и платиле казна од илјада долари со што избегнале обвинение.

Џиџи Хадид

Претставник за јавноста на Џиџи појаснил: „Џиџи патуваше со марихуана легално купена во Њујорк со медицинска дозвола. Легално е користењето на марихуана за медицински потреби на Големиот Кајман од 2017 година. Нејзиното досие останува чисто и таа уживаше во преостанатото време на островот.“

По веста за апсењето, Хадид сакаше да ги увери фановите дека сè е под контрола, па сподели летни фотографии од одморот со пораката: „Сè е добро кога добро ќе се заврши“.

Џиџи Хадид Џиџи Хадид Џиџи Хадид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19748 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.