Почетна » Новости » Актуелно » Фотографија која го крши срцето: Убиениот чувар во масакрот во Белград на раце носи ученик со скршена нога

Фотографија која го крши срцето: Убиениот чувар во масакрот во Белград на раце носи ученик со скршена нога

Фотографија од добро дело на убиениот чувар во масакрот во Белград се споделува на социјалните мрежи.

Чичко Драган Влаховиќ бил обожаван од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, затоа што и тој секогаш возвраќал на нивната љубов. Како што споделуваат децата и вработените во школото, Драган немал деца, но учениците ги сакал како свои.

Мајка на Instagram објави фотографија на која чуварот го носи во раце нејзиниот син со скршена нога до училницата, за да не пропушта од наставата. Фотографијата била споделена и од актерката Милена Радуловиќ, по што се рашири на интернет.

Драган Влаховиќ

„Чичко Драган Влаховиќ го носи мојот син Вукашин од училница во училница кога си ја скрши ногата за да не губи од наставата, во времето кога после короната се вратија во клупите, во петто одделение“ – пишува на фотографијата.

Драган беше првата жртва на 13-годишниот убиец, кој во него испукал 15 куршуми.

Чуварот беше закопан на белградските гробишта пред 5 дена, а за неговата љубов кон децата зборуваа членовите од неговото семејство.

„Секогаш беше вреден, насмеан и подготвен за шала. Несебичен и со големо срце. Особено беше приврзан за децата зашто немаше свои. Некои сегашни студенти рекоа дека чичко Драган ги испраќал насмеан од прво до осмо одделение. Покажа голема храброст ширејќи ги рацете, мислејќи дека ќе успее да го спречи оловото што се движеше кон него и да ги заштити малечките. Фала ти што ни го разубави детството и животот, се радувавме на секоја средба со тебе. Вујко мој, беше мој трет родител. Не можев ни да замислам дека ќе дојде овој ден, дека ќе дојдам, а тебе ќе те нема во дворот...“ – рече внукот.

Драган Влаховиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.