Почетна » Новости » Актуелно » „Стоп за фемицидот“: Хрватска водителка со сопругот испратија моќна порака на црвениот тепих во Сараево

„Стоп за фемицидот“: Хрватска водителка со сопругот испратија моќна порака на црвениот тепих во Сараево

Ида Престер не остана рамнодушна на веста за убиство на млада мајка во БиХ.

По бруталното убиство на Низама, кое го потресе Балканот, хрватската водителка и пејачка од црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал испрати моќна порака за да се бори против фемицидот. Ида се појави со натпис „Низама“, а покрај неа стоеше нејзиниот сопруг на чиј транспарент пишуваше: „#STOPFEMICIDE“ (Стоп за фемицидот).

Таа сподели фотографија од настанот во седиштето на Босна и Херцеговина и напиша: „Ниедна повеќе. Мораме подобро сите заедно“.

Ида Престер Ида Престер Ида Престер

Претходно, Ида објави песна која сама ја напишала 24 часа по убиството на Низама од страна на нејзиниот невенчан сопруг пред очите на 9-месечната ќеркичка.

„Во изминатите 24 часа ја пишував оваа песна, поттикната од хорор приказната за убиената жена во Градач. Насилството е насекаде околу вас, не се намалува, туку се зголемува, особено спрема жените. На секои десет дена читаме за нова жртва која настрадала од рацете на својот партнер. Што можеме? Како да ги заштитиме тие жени, ранети, исплашени, во паника? Како да го зауздаме тој бран агресија на повредено его кој води до (авто)деструкција? Немам одговор, Можам само да напишам песна со посвета“ – напиша таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19745 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.