Цела Србија се сплоти за да ѝ помогне на Нина Нинковиќ во големата акција за собирање средства за лекување на нејзиниот татко.
Добродушни луѓе направија огромна редица пред штандот на малото девојче во Нови Сад и чекаа за да купат крофни. Видеата кои кружат на социјалните мрежи ќе ве разнежнат.
Deo sa današnje akcije Tima Kreni Promeni Novi Sad koji je organizovao akciju za Ninu.
— Kreni-Promeni (@KPromeni) June 27, 2023
Hvala svima koji su bili.
Veliko imaš Novi Sade. pic.twitter.com/HYMEe4xjZ8
Нина ги продава крофните по цена од 100 динари (50 денари). Собраните средства семејството на Нина ќе ги искористи за превоз и лекување на татко ѝ Зоран во Москва.
Бидејќи Нина и нејзините мајка и баба не можеле да престигнат во правењето крофни, поради големата побарувачка, ним им помагаат локални пекари. „Нина покажа јака волја, имаше јасна визија за ова. Сметав дека од тоа ќе има за џепарлак, не очекував дека ќе има толкав одзив“ – изјавила мајката на Нина.
Таткото на Нина, Зоран Нинковиќ, го изгубил видот и едното око во 2016 година поради аблација на ретината.
Во 2022 година, повторно му се појавила аблација и сега може да го изгуби и другото око. Освен што може целосно да ослепи, има ризик и да го изгуби животот. За да замине на лекување во Москва, нему му е потребна поголема парична сума.