Во период кога се очекува зголемување на бројот на заболени од новиот коронавирус, исклучително важно е да ги почитуваме препораките да седиме дома. Но, кога навистина сме принудени да излеземе, треба да следиме повеќе совети за заштита.
Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ споделија што се препорачува да направите пред излегување и по враќање во домот за да го минимизирате ризикот од заразување.
Третиот протокол се однесува на мерките за заштита во услови кога живеете заедно со лице во карантин.
Протоколите се составени од Фондацијата на волонтери за спасување „GEOS“ од Боливија, а преводот на македонски јазик го направил Горан Стојанов.