Британското кралско семејство присуствуваше на велигденска миса која се одржа во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор.
Принцезата Кетрин и принцот Вилијам беа придружувани од трите деца - Џорџ, Шарлот и Луи. Целото семејство беше облечено во складни комбинации со сини и темносини нијанси.
41-годишната принцеза од Велс шармираше во елегантно палто, надополнето со шапка и чантичка во истата нијанса и бежови салонки.
Во сини комбинации беа облечени и кралот Чарлс и неговата сопруга Камила.