Принцезата Кетрин блесна во фантастично модно издание. Претставничката на британското кралско семејство пленеше во црвен стајлинг за парада организирана за дочекот на претседателот и првата дама на Јужна Кореја.
41-годишната принцеза на Велс носеше црвен фустан, прекрасно палто од Кетрин Вокер и складен шешир. Шармантната сопруга на принцот Вилијам недискутабилно изгледаше беспрекорно.