Во елегантното здание на Офицерски дом, атмосферата беше тивка и свечена, со ветување за незаборавна ноќ.
27 април е датата на раѓањето на легендарниот Горан Стефановски во Битола, а најавениот концерт на виртуозот на гитарата Влатко Стефановски беше посветен на неговиот покоен брат. И тоа не беше обичен концерт, туку емотивна почит која никој од присутните не го остави со недопрено срце.
Низ фотографии ве водиме на овој настан, позади кој организациски застанаа Божиновски часовници & накит, Теохаров аудио, Винаријата Камник и Општина Битола.