Почетна » Новости » Мода » Swatch часовници со ремек делата на Жан-Мишел Баскијат кои сега може да ги носите на вашите зглобови

Swatch часовници со ремек делата на Жан-Мишел Баскијат кои сега може да ги носите на вашите зглобови

Swatch овој месец го одбележува лансирањето на нова капсулна колекција, која ја олицетворува љубовта на популарниот бренд кон уметниците пионери. Петтата колекција од „Swatch Art Journey 2023“ е вибрантен омаж на Жан-Мишел Баскијат, исконскиот артист од Њујорк кој се осмели да ги сруши границите на конвенционалната уметност.

Во фокусот е творештвото на еден од најпознатите артисти од неговата генерација, кој се смета за еден од највлијателните уметници на 20-тиот век. Уметничката кариера на Баскијат се протегаше од 1970-тите, низ 1980-тите, па сè до неговата смрт во 1988 година. Тој почина на 27-годишна возраст.

Три часовници и еден специјален сет го доловуваат препознатливиот стил на Баскијат и се исполнети со моќни слики и најразлични симболи. Секој часовник е ремек-дело сам по себе и ја прикажува откачената смисла за композиција на Баскијат и неговиот бестрашен дух.

Впечатливите слики на овој култен артист и графити мајстор од 80-тите години сега можете да ги носите на вашите зглобови.

Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT

HOLLYWOOD AFRICANS BY JEAN-MICHEL BASQUIAT

Овој часовник се базира на оригинална слика на Баскијат од 1983 година која ги прикажува многубројните стереотипи за афроамериканците во забавната индустрија и во американското општество во целост.

Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT

UNTITLED BY JEAN-MICHEL BASQUIAT

Круната е симбол што Баскијат често го користел во својата работа и се вели дека ја прикажува неговата амбиција за успех. Заземајќи го централното место на овој часовник, нека биде навремен потсетник за вашата желба и решителност за постигнување на големи цели.

Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT

ISHTAR BY JEAN-MICHEL BASQUIAT

Ова дело Баскијат го нарекол Иштар, инспириран од божицата на војната и плодноста. Римски бројки и дел од натписите од сликата го заземаат централното место на бројачникот.

Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT

Колекционерите имаат уникатна шанса да се здобијат со триптих, специјален сет од три часовници кои вклучуваат различни детали од поединечните часовници од колекцијата Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT.

Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT

За кампањата за колекцијата, Swatch ја поврза уметноста на Баскијат со денешната глобална скејт и BMX култура. Спортистот и професионален скејтбордер Енди Андерсон и деветкратниот светски шампион во BMX, Матијас Дандоис, ги споија уметноста и спортот и позираа на улиците, носејќи часовници од колекцијата.

Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT

Колекцијата Swatch x JEAN-MICHEL BASQUIAT е во продажба од 11 мај.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.