Почетна » Новости » Актуелно » Новинарка на BBC саркастично го нарече Охрид „ужасен“, а всушност се вљуби во градот и го промовира низ светот

Новинарка на BBC саркастично го нарече Охрид „ужасен“, а всушност се вљуби во градот и го промовира низ светот

Новинарка на BBC деновиве привлекува големо внимание на социјалните мрежи во нашата земја.

Сузан Кијанпур сподели прекрасно видео на кое плови со кајче во мирните и чисти води на Охридското Езеро. Сакајќи да се пошегува, таа саркастично напиша на Twitter сè спротивно од она што го има како импресија од градот, кој го нарекува „скапоцен камен“.

„Дефинитивно не доаѓајте на Охридско Езеро. Тоа е апсолутно ужасно место во Северна Македонија. Супер скапо. Лоши временски услови. Преполно со луѓе“ – напиша таа.

Нејзиниот коментар брзо стана вирален хит и многумина погрешно го протолкуваа, па ја критикуваа Сузан. Таа побрза да објасни дека се шегувала и дека е вљубена во преубавиот град и езерото.

„Тоа беше шега. Вљубена сум во Охридското Езеро“, „Не можам да опишам колку е неверојатно ова место“, „Саркастичниот хумор не помина добро кај сите тука“ – се дел од нејзините коментари.

Охридското Езеро Охридското Езеро Охридското Езеро

Македонија беше 70-та земја од 100-те кои Сузан планира да ги посети. На Instagram таа го промовира Охрид како прекрасен град кој вреди да се посети.

„Посетете го овој недопрен скапоцен камен во Северна Македонија пред да стане туристичка стапица“ – напиша таа.

Охридското Езеро Охридското Езеро Охридското Езеро Охридското Езеро Охридското Езеро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.