Почетна » Новости » Занимливости » Модната библија „Вог“ за Охрид: „Потполно совршен град исполнет со шармот на Стариот свет“

Модната библија „Вог“ за Охрид: „Потполно совршен град исполнет со шармот на Стариот свет“

Пред само два месеци, списанието „Вог“ ја претстави Македонија како гурманска дестинација која секој треба да ја посети. Сега, пофалбите се сконцентрирани на Охрид.

Модната библија го стави Охрид на првото место меѓу шесте „нетуристички“ балкански дестинации кои треба да бидат на врвот на листите за патување во 2017 година.

Охрид

„Локални жители се шетаат по калдрмата, кајчиња пловат по разбрануваните води, а хор има проба на скалилата на црквата Св. Софија додека паѓа самрак. Добредојдовте во Охрид, Македонија, потполно совршен град исполнет со шармот на Стариот свет, лоциран на брегот на брилијантното Охридско Езеро“пишува во текстот во кој се посочени и неколку хотели, ресторани и барови за кои вреди да издвоите пари.

Листата ги вклучува и Призрен (Косово), Трансилванија (Романија), Химара (Албанија) и регионот Херцеговина (Босна и Херцеговина).

Во текстот се намекнува дека овие се сметаат за „нетуристички“ дестинации, бидејќи повеќето од светските патници се одлучуваат за попопуларни дестинации како Хрватска и Црна Гора.

Охрид е и петти најдобар град во светот за 2017 година според Lonely Planet.

Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид Охрид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20813 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.