Почетна » Новости » Актуелно » Негување на културното наследство: Халкбанк со уникатен банкомат во срцето на Охрид

Негување на културното наследство: Халкбанк со уникатен банкомат во срцето на Охрид

Халкбанк, банката што е препознатлива по своите иновативни интервенции на јавни простори, постави уште еден уникатен објект во срцето на Охридската чаршија. Овој пат станува збор за банкомат што, всушност, е реплика на традиционална охридска куќа, еден од симболите што овој туристички град го прават препознатлив и уникатен.

Овој банкомат, во кој се искористени сите елементи од традиционалната охридска куќа, изобилува со детали според кои оваа градба е светски препознатлива: фасадата, чардаците, препознатливите прозорци...

Халкбанк Халкбанк

„Градската архитектура во Охрид има клучно место во културното наследство на градот и на нашата држава. Старите охридски куќи се надалеку познати и впишани во светската култура и архитектура, а за нив се интересирале голем број архитекти и патописци што престојувале во Охрид. Токму тој момент беше инспирација за нас и за нашата креативна агенција Меккен Скопје, па со овој мал гест решивме да оддадеме почит на богатата историја што ја има овој град, кој освен туристичко, претставува и културно јадро на овие простори“, вели Маја Наумовска-Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг-комуникации во Халкбанк АД Скопје. „На овој начин, секој корисник на Халкбанк, а и секој посетител на Охридската чаршија ќе има уште една можност одблизу да го почувствува духот на охридската традиција“, додава таа.

Халкбанк Халкбанк

Од Банката уште додаваат и дека ќе го продолжат овој тренд на разубавување јавни простори во различни градови низ Македонија.

Фото: Стојан Стојановски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19745 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.