Почетна » Новости » Занимливости » Јована Филиповиќ: Бев превоодушевена и инспирирана за колаборацијата со „ХалкЕко“ на Халкбанк

Јована Филиповиќ: Бев превоодушевена и инспирирана за колаборацијата со „ХалкЕко“ на Халкбанк

Познатиот минимализам и чист дизајнерски печат на модната дизајнерка Јована Филиповиќ си го најде местото во ексклузивна, несекојдневна колаборација со Халкбанк. Банката, која е позната по реализација и поддршка која ја дава на иновативните и креативни проекти, особено оние од еколошки и општествено-одговорен карактер, овој пат се здружи со дизајнерката за ексклузивна колаборација во дизајн на современи, шик ЕКО торби и маици за платформата „ХалкЕко“.

Парчињата, изработени од 100% еколошки и реупотребливи материјали, засега се достапни само како подароци за корисниците на „ХалкЕко“ мобилната апликација која охрабрува на физичка активност.

Инспирани од приказната, ние поразговаравме со Јована Филиповиќ за да ни ја долови суштината која стои зад оваа иновативна спојка на модата и екологијата, иницирана од Халкбанк.

Соработка на Јована Филиповиќ и Халкбанк

Живееме во ерата на колаборациите, кога нема дизајнерска куќа или бренд без некоја интересна соработка. Оваа пракса полека зема замав и на локално ниво. Раскажи ни ја приказната за иновативната спојка со Халкбанк и нивната „ХалкЕко“ платформа? Како дојде до оваа несекојдневна соработка за еко торби и маици кои го носат твојот дизајнерски потпис?

Ова е еден нов тип соработка за мене, а и нов дизајнерски предизвик
Јована

- Идејата за соработката дојде пред девет месеци, кога ме контактираше тимот за корпоративни и маркетинг комуникации од Халкбанк и ме изненадија со едно несекојдневно барање. Првичната идеја им беше да направам наменски дизајн за еколошки торби за повеќекратна употреба за нивните корисници на платформата „ХалкЕко“, но колаборацијата со тек на време како да „бараше“ да се доразвие, па така произлегоа и маиците со мој потпис. Искрено, бев превоодушевена и инспирирана за овој проект, бидејќи е еден нов тип соработка за мене, а и нов дизајнерски предизвик. Најпрвин, ме инспирираше можноста да дизајнирам за компанија како Халкбанк, во која гледам спој на луѓе кои постојано ги препознаваат, ценат и поддржуваат луѓето како личности но и своите бизнис клиенти, во создавање нешто инспиративно и различно за овој пазар. Тие ми дадоа можност и одврзани раце да се изразам на свој начин при самото дизјанирање на продуктите, а воедно и во визуелното презентирање на истите за што, кредитите ги даваме на преталентираната Јована Зука.

Ова е твоја прва мала колекција на торби. Какво беше искуството со дизајнирање унисекс еко модни додатоци чија намена е да бидат дел од активното секојдневие? Што најмногу те инспирираше? Како ги одбра боите за парчињата, со оглед на тоа што еко платформите вообичаено се врзуваат со зелените нијанси? Која е приказната зад додатоците кои вклучуваат ланци, метални алки и каивчиња?

- Инспирацијата дојде од можноста да дизајнирам за проект како „ХалкЕко“ чија мисија се екологијата и зачувувањето на животната средина. Тргнувајќи од таа мисија, сакав да направам нешто поразлично, а сепак да остане доследно на мојот стил и идентитет како дизајнер. Бидејќи добив “зелено светло” да не се врзувам за зелената како еко боја, а воедно и да направам дизајн што ќе биде моден и нослив од секој, решив да одам во сосема друга насока и да искористам неутрални бои како камел и црно, тонови кои асоцираат на песок, земја и пространство. Модната слобода ги донесе и додатоците како металните алки, ланците и каивчињата, кои се некои од најпрепознатливите елементи на Јована Филиповиќ брендот. И јас и „колегите“ од Халкбанк, сакавме тие да бидат дел и од дизaјнот на торбите и маиците, притоа нивната употреба да има практична намена за прикачување клучеви, привезоци и други предмети кои ќе овозможат персонализација.

Која е главната порака што сакавте да ја пренесете со овие еко парчиња?

- Идејата на ХалкЕко беше да ги споиме екологијата, самосвесноста и модата во еден производ, еко торби, на неколку различни начини. На инспиративен и креативен начин сакавме да ја охрабриме употребата на еколошки торби за повеќекратна употреба наспроти купување на бројни торби за различни пригоди и користење на пластични ќеси при пазарење. Притоа, сакавме торбите да имаат уникатен, но прилагодлив дизајн кој ќе им одговара на сите и кој лесно ќе се вклопи во многу различни изгледи.

Твоите дизајни ги гледаме на шик жените во земјава, но и на тебе. Какво е чувството да се носат сопствените парчиња облека и модни додатоци? Која еко торба од колекцијата најмногу ја носиш деновиве?

- Носењето на сопствените парчиња облека и додатоци ми создава некоја чудна исполнетост и возбуда. Секогаш ме радува кога некој друг ќе препознае дали парчето што го носам е мој дизајн. Од торбите од „ХалкЕко“ колаборацијата деновиве најмногу ја носам малата црна торба бидејќи ми собира сѐ што ми е неопходно за секојдневните потреби, и секако basic торбата која совршено ми одговара кога одам на пазарење.

Какви материјали се користеа за изработка на парчињата? Каде се изработуваа и со каков процес?

- Сите материјали за торбите и маиците се 100% еколошки, природни и реупотребливи материјали. Поголемиот дел од торбите, како и маиците се изработени во нашето студио до последен детал и со zero waste производство.

Соработка на Јована Филиповиќ и Халкбанк Соработка на Јована Филиповиќ и Халкбанк

„ХалкЕко“ апликацијата има за цел да ги поттикне корисниците на движење и физичка активност. Која е твојата омилена физичка активност?

- Секое слободно време се трудам да го поминам на пешачење, па дури и дел од работните обрски секогаш се трудам да ги завршувам пеш наместо со кола.

Дали еко торбите и маиците ќе бидат достапни во продажба?

- Работиме на случајот. Со луѓето од тимот кој ја сочинува оваа колаборација, веќе размислуваме за креирање на механизам со кој и преку продажба, ќе може да иницираме личен допринос во ЕКО и хумани цели од страна на тој што ќе купи. Производите кога ќе се постават на продажба, ќе може да се купат во студиото или преку веб продавницата.

Соработка на Јована Филиповиќ и Халкбанк

Која е иднината на оваа колаборација? Можеш ли да ни откриеш дали и како ќе се развива понатаму?

Искрено се надевам дека ќе има иднина оваа супер колаборација
Јована

- Јас искрено се надевам дека ќе има иднина оваа супер колаборација. Со оглед на тоа колку елан и идеи има овој креативен тим од банката, јас како дизајнер и уметник може да кажам дека со радост ќе прифатам да направиме уште повеќе проекти и настани заедно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.