Почетна » Новости » Актуелно » Дечиња од Гевгелија продаваат крофни и колачи за да соберат пари за лекување на малата Луна

Дечиња од Гевгелија продаваат крофни и колачи за да соберат пари за лекување на малата Луна

Нина Нинковиќ од Нови Сад постави прекрасен пример за помладите генерации. Таа продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на татко си, а сега неколку дечиња од Гевгелија се инспирираа од нејзината идеја.

На свои штандови тие продаваат крофни, колачи и лимонада, а собраните средства ќе ги донираат за лекувањето на сограѓанката Луна.

Деца Деца

Поради асфикција на мозокот при пораѓај Луна Поп Костова се здобила со дијагнозата „Спастична церебрална парализа - квадриплегија“. Таа веќе година и пол се бори со сколиоза во последен стадиум и потребна ѝ е итна операција во Турција.

Марија Митрова, девојчето кое прави и продава крофни во Гевгелија, рекла: „Јас морам да соберам пари за нашата Луна да биде покрај нас, да не ѝ згасне животот“.

Броеви за донации:

А1: 143 – 478

Телеком: 143 – 103

Линк за донации на GoFundMe

Деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19747 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.