Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.953 тестирања, а има 87 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 26
- Радовиш – 9
- Куманово и Кратово по 6
- Прилеп – 5
- Битола, Струмица, Кочани и Кичево по 4
- Неготино и Делчево по 3
- Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе по 2
- Кавадарци, Штип и Крива Паланка по 1
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје (66г, 71г, 76г, 79г и 80г), 3 лица од Тетово (60г, 70г и 73г), 2 лица од Куманово (73г и 82г) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г).
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од:
- Скопје – 91
- Прилеп – 25
- Охрид – 14
- Куманово – 12
- Битола – 10
- Велес – 7
- Струга и Кавадарци по 6
- Штип и Гевгелија по 4
- Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница по 3
- Струмица и Берово по 2
- Тетово и Пехчево по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.