Министерството за здравство сподели дека во изминатото деноноќие се потврдени 66 нови случаи на коронавирус.
По градови, 10 од новите заболени се од Скопје, 27 од Куманово, 3 од Штип, 4 од Прилеп, 5 од Тетово, 4 од Струга, 2 од Велес, 5 од Охрид, 1 од Гостивар, 3 од Кочани и 2 од Неготино.
Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на КОВИД-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.
Согласно конечната потврда за присуство на КОВИД-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 во земјата се искачи на 974.
Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
- Скопје – 339
- Куманово – 262
- Дебар – 49
- Штип-31
- Прилеп –89
- Тетово – 43
- Струга – 47
- Велес – 36
- Битола –9
- Охрид –9
- Кавадарци – 3
- Гостивар –10
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-4
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 25
- Пробиштип – 2
- Кичево – 1
- Неготино -2
Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ – 310 , преку Ветеринарен факултет – 24, Авицена – 24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9.762 тестирања на КОВИД-19.
На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.