Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонската балерина Роксана Стојанов е нова ѕвезда на Париската опера

Македонската балерина Роксана Стојанов е нова ѕвезда на Париската опера

Роксана Стојанов слободно може да се пофали со уште еден огромен успех.

Талентираната балерина со македонско потекло беше избрана за нова ѕвезда и една од главните балерини во Париската национална опера.

Оваа вест беше објавена по завршувањето на балетската претстава „Пакита“, во која Роксана ја имаше главната улога.

Роксана Стојанов

„Немам зборови за да ги опишам емоциите што ме обземаат од таа вечер на 28 декември. Изненадување, солзи, радост, благодарност, љубов, соништа, исполнетост, гордост… Тоа е сосема неописливо, но тоа е вечер што нема да ја заборавам!“

„Ви благодарам на сите за пораките за поддршка и честитките, исполнета сум со љубов“ – напиша Роксана, пресреќна со својата нова титула.

Роксана Стојанов Роксана Стојанов Роксана Стојанов

Роксана е родена во Македонија во 1995 година, а на 8-годишна возраст ја напушти родната земја и се впушти во поход за остварување на своите соништа да стане врвна балерина.

Видео:

Роксана Стојанов Роксана Стојанов

Фотографии: Роксана Стојанов / Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21386 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.