Винсент Касел се израдува на раѓањето на своето четврто чедо.
58-годишниот актер и неговата 28-годишна девојка Нара Баптиста го добија првото заедничко дете.
Убавата вест ја сподели Касел на својот профил на Instagram. „Погодете кој пристигна на 7 јануари 2025... веќе буден, полн со здравје, љубов и поезија. Најкул фраер досега“ – напиша тој.
Бебенцето го добило името Каетано.
Винсент и Нара се во врска нешто повеќе од една година. Тој има уште три деца од претходните бракови.
Пред да ја започне врската со Нара, Винсент беше во брак со Тина Кунаки. Тој се венча со Тина во 2018 година, а добија ќерка во 2019 година. Веста за нивната разделба беше објавена во април 2023 година.
Касел беше во брак со Моника Белучи од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки.