Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ирина Дишо се искачува сама на Водно и во 42-рата недела од бременоста

Ирина Дишо се искачува сама на Водно и во 42-рата недела од бременоста

Ирина Дишовска со нетрпение го очекува моментот кога ќе го земе во прегратка своето второ детенце.

Македонската планинарка не се откажува од своето омилено Водно дури ни во последните денови од бременоста.

Сопругата на Павле Камилоски објави видео во кое се искачува на Водно во 42-рата недела, додека истовремено се надева дека ќе успее да предизвика спонтано породување.

Ирина Дишовска

„Здраво дечки. Нова година помина, Бадник и Божиќ поминаа, а јас уште не сум породена. И сега сум тука на моето Водно да видиме што се случува. Верувам дека има многу мајки што ги носеле децата до 42-ра недела и ова е крајот. До тука е, толку се може“ – рече Ирина.

Ирина Дишовска

Таа одговори и на неколку прашања од своите следбеници, кои беа загрижени што сама се искачува на Водно, а во секој момент може да се породи.

„Со Јосиф имав природно породување, се надевам дека ќе биде исто и сега на ГАК. Препорака на докторите е ако не се породам спонтано до полна 42-ра недела, да се стави провокација која ќе го поттикне раѓањето“ – напиша Ирина.

Таа изјави и дека доколку добие контракции за породување на Водно, најпрво ќе му се јави на сопругот за да му направи мала паника.

„Најпрво би се слушнала со сопругот да му направам малку стрес. А потоа почнувам со правилно дишење за да ги намалам болките и да издржам да стигнам до Клиника“ – рече таа.

Ирина Дишовска Ирина Дишовска Ирина Дишовска Ирина Дишовска Ирина Дишовска Ирина Дишовска

Ирина и Павле имаат и синче кое се вика Јосиф. Овој пат тие очекуваат ќеркичка.

Ирина Дишовска Ирина Дишовска Ирина Дишовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 21422 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.