Ужасни пожари беснеат во Лос Анџелес, а стигнаа и до Холивуд.
Додека над 100 илјади луѓе добија наредба за итна евакуација, повеќе славни личности објавија дека домовите им изгореле до темел.
Парис Хилтон, Ентони Хопкинс, Лејтон Мистер и Адам Броди, Џон Гудман, Ана Фарис, Сандра Ли, Џејмс Вудс и Били Кристал се дел од ѕвездите кои останаа без домовите поради пламените јазици.
Парис Хилтон објави видео од вести во кое го покажуваат нејзиниот изгорен дом.
„Срцето ми е скршено... Да гледаш со семејството во живо на вестите како домот во Малибу ти е изгорен до темел е нешто што никој не треба да го искуси. Во овој дом создадовме многу скапоцени спомени. Таму Феникс ги нарави првите чекори и таму сонувавме дека ќе создадеме доживотни спомени со Лондон. Иако загубата е преголема, благодарна сум што моето семејство и милениците се безбедни. Моето срце и моите молитви се со сите засегнати од пожарите“ – напиша таа.
Актерот Били Кристал и неговата сопруга Џенис живееја во домот кој изгоре до темел од 1979 година.
„Тука ги пораснавме нашите деца и внуци. Секој инч од нашата куќа беше исполнет со љубов. Прекрасни спомени кои не можат да ни бидат одземени. Се разбира дека срцето ни е скршено, но со љубовта на нашите деца и пријатели, ќе го надминеме ова“ – напиша парот.
Домот на Џон Гудман
Домот на Ентони Хопкинс
Домот на Лејтон Мистер и Адам Броди
Актерот Харисон Форд беше евакуиран од неговиот дом, а и Криси Тиген и Џон Леџенд објавија дека се евакуирале со четирите деца.
„Многу сум исплашена“ – напиша Криси.
Актерката Менди Мур исто така навреме го напушти домот и е на безбедно со семејството.
„Искрено, во шок сум и се чувствувам вкочането поради луѓето кои изгубија сè, вклучително и моето семејство. Училиштето на моите деца го нема. Нашите омилени ресторани се срамнети. Толку многу пријатели и сакани изгубија сè“ – напиша Менди.
Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер, Марија Шривер, сподели видео од остатоците од домовите и напиша:
„Срцепарателно, ужасно, неверојатно. Сè исчезна. Нашето соседство, нашите ресторани. Сите наши пријатели изгубија сè. Се евакуиравме и сме безбедни. Но, луѓето изгубија сè“.