Македонскиот пијанист Јован Цветиновски радува со обработка на големиот хит „Бисер балкански“.
14-годишниот музичар во својата верзија внесе нова енергија и емоција, притоа задржувајќи ја автентичноста на оригиналот, како потсетник на вредностите што нè обединуваат како народ.
Со оваа обработка, објавена за време на божиќните празници, Цветиновски ја покажа сојата посветеност кон македонската музичка традиција.
Видеото е едитирано од Андреј Митев.
Видео
„Бисер балкански“ е еден од најголемите хитови на Гоце Николовски. Текстот на песната е потпишан од Јован Павловски додека музиката е на Хилми Билбил.