Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.754 тестирања, а има 349 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 166
- Куманово – 23
- Штип – 22
- Прилеп – 18
- Битола – 17
- Кочани – 16
- Кавадарци – 13
- Тетово – 11
- Велес и Охрид – по 10
- Свети Николе – 9
- Неготино – 8
- Берово и Пробиштип – по 4
- Гевгелија и Демир Хисар – по 3
- Струмица, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 2
- Гостивар, Струга, Ресен и Виница – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 3 од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 208 оздравени пациенти од:
- Скопје – 90
- Охрид – 37
- Куманово – 17
- Штип – 13
- Велес – 10
- Битола – 9
- Кавадарци – 7
- Крива Паланка – 5
- Неготино – 4
- Кочани, Свети Николе, Струга и Радовиш – по 3
- Пробиштип и Кичево – по 2
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.552, бројот на оздравени пациенти е 188.540, на починати е 7.132, а бројот на активни случаи изнесува 6.880.