Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Храна за подобро расположение и повеќе енергија

Храна за подобро расположение и повеќе енергија

Сакате да имате енергија цел ден и да правите сè со насмевка на лицето без нервоза и лутина? Внимавајте на исхраната и ќе дојдете многу блиску до вашата цел. Консумирањето на одредена храна може да го промени вашиот метаболизам и работата на мозокот, а тоа неизбежно влијае на вашето расположение и количеството на енергија.

Па, еве од каде да започнете:

КафеЧајОвесБананиЈаткасти плодовиСпанаќЛососЖена со чоколадо

Кафе

Првата утринска насмевка на луѓето често доаѓа во првата голтка кафе. Милиони луѓе низ светот си ја покачуваат енергијата наутро со шолја кафе. И во право се да го прават тоа.

Кофеинот во кафето го забрзува метаболизмот, ја зголемува концентрацијата и го покачува нивото на енергија. Сепак, пиењето кафе на празен стомак и не е најумното нешто што можете да го направите. Пред да се напиете кафе, каснете барем еден овошен плод.

Добро е да знаете дека консумирањето на помало количество кафе повеќе пати во денот е многу подобро за вашата енергија и концентрација отколку консумирањето на кафе во големи количини.

Чај

Ако ви е преку глава од колегата кој постојано се жали или пак плановите за излегување ви пропаднале во вода, скротете ја вашата лутина со чаша чај.

Зелениот чај смирува и ја подобрува концентрацијата, а црниот чај го подобрува расположението.

Чајот исто како и кафето содржи кофеин, но во помали количини. Кофеинот го забрзува метаболизмот и ви дава енергија.

Добри јаглехидрати

Повеќето диети го ограничуваат консумирањето на јаглехидрати, но тие се многу важни ако сакате да се радувате на добро расположение.

Јаглехидратите не треба да ги внесувате преку слатки десерти, туку преку добри извори како житарки, мешунки и кафеав ориз. Јаглехидратите од слатките десерти предизвикуваат најпрво голем пораст, а потоа пад на нивото на шеќер во крвта.

Житарките се апсорбираат многу побавно, па така се одржува стабилно нивото на шеќер и енергија.

Банани

Излупете една банана за да си го подобрите расположението.

Бананите содржат триптофан кој телото го користи за да создава серотонин (хормонот на среќата). Бананите содржат и многу калиум. Нивото на калиум во телото може да се намали поради стресот, па со помош на банани можете да го стабилизирате.

Освен тоа, бананите се богати и со витамин Б6, кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта и се бори против променливото расположение.

Јаткасти плодови

Барате мала ужина за да си ја покачите енергијата наутро или попладне? Наполнете една рака со јаткасти плодови како ореви, бадеми или бразилски оревчиња.

Не само што се полни со протеини, туку јаткастите плодови содржат и многу магнезиум, а магнезиумот игра голема улога при претворањето на шеќерот во енергија.

Јаткастите плодови содржат и омега-3 масни киселини за кои се верува дека помагаат во борбата против депресијата. Тие се корисни и за срцето, мозокот и во превенцијата од некои видови на рак.

Спанаќ

Секогаш кога доаѓа 16 часот попладне се чувствувате поспани, енергијата ви паѓа и не можете да се концентрирате? Наместо да посегнувате по третата чаша кафе, направете си свежа салата од спанаќ.

Спанаќот содржи фолна киселина за која се знае дека може да го намали ризикот од депресија.

Не залудно Попај јаде спанаќ секогаш кога му е потребна сила и енергија. Салатата од спанаќ ќе ве освежи и ќе ви ја даде потребната енергија за да продолжите да живеете активно.

Лосос

Лососот е еден од најбогатите извори на омега-3 масни киселини, кои помагаат за намалување на вознемиреноста. Долгогодишни истражувања покажале дека редовната консумација на омега-3 масни киселини помага и во превенцијата и во лекувањето на клиничка депресија.

Постојат многу докази дека омега-3 масните киселини им помагаат на луѓето полесно да се справат со лутината и раздразливоста.

Лососот содржи и многу витамин Д, кој обично се создава кога сме изложени на сонце. Витаминот Д е една од причините зошто луѓето се посреќни во сончеви денови.

Темно чоколадо

Највкусното за крај. Доволни се само неколку коцки темно чоколадо за вашиот мозок да започне да создава ендорфин и да го зголеми нивото на серотонин, познат и како хормонот на среќата.

Консумирањето на чоколадо го подобрува и расположението, а поради тоа што содржи и кофеин, чоколадото ја зголемува и енергијата.

Кога сакате да се почестите со чоколадо, изберете темно чоколадо. За разлика од обичното, темното чоколадо содржи повисок процент на какао.

Консумирањето на чоколадо треба да биде умерено. Ако изедете половина или цела табла чоколадо, позитивниот ефект врз расположението најверојатно ќе се намали затоа што ќе чувствувате грижа на совест и ќе размислувате како тоа ќе се одрази на вашата линија.

Дополнителни совети

Колку енергични ќе бидете во текот на денот, зависи и од начинот на којшто се храните. Доколку сакате да останете насмевнати и полни со енергија во текот на цел ден, почитувајте ги следните совети:

  • Не го прескокнувајте појадокот. Појадокот несомнено ќе ви даде енергија и ќе ве расположи. Наполнете ги батериите уште од утрото за да можете да се радувате во текот на целиот ден.
  • Хранете се почесто по помалку. Честите мали оброци ќе го одржуваат нивото на шеќер во крвта, односно нивото на енергија. А кога имате повеќе енергија, поголема е веројатноста дека ќе се чувствувате посреќни.
  • Избегнувајте ги слатките. Слатките десерти кои ги обожаваме, рапидно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а потоа нивото наеднаш паѓа. Таквата флуктуација придонесува за појавата на замор и променливо расположение.
  • Пијте доволно вода. Заморот е еден од првите симптоми на дехидратацијата. Кога ќе се почувствувате жедни, вие веќе сте дехидрирани. За да не дојде до тоа, пијте вода во текот на целиот ден. Ако сте изложени на сонце, ако пиете алкохол или ако вежбате, потребно е да консумирате многу повеќе вода од обично.
  • Избегнувајте го комбинирањето на мрсна храна со јаглехидрати. Комбинирањето на мрсна храна со јаглехидрати го забавува варењето на храната и ќе ве направи потромави и мрзеливи. Затоа, подобро е тестенините да ги готвите со доматен сос, отколку со сосови од хопла или павлака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.