Сончевите денови ставаат насмевка на вашето лице? Дождот ве прави депресивни? Тогаш и вие сте од луѓето чие расположение се влијае од времето.
Ново истражување ја проучувало врската помеѓу времето и расположението на адолесценти и нивните мајки и покажало дека навистина постои директна поврзаност.
„Идентификувавме група на „Обожаватели на летото“ кои беа посреќни, помалку страшливи и помалку покажуваа лутина во деновите кога имаше повеќе сонце, а беа помалку среќни, повознемирени и полути кога времето беше влажно“ – изјавил Том Фринс, психолог и коавтор на истражувањето.

Тој и неговите колеги откриле и група „Хејтери на летото“ (луѓе кои го мразат летото) кои биле помалку среќни и страшливи и покажувале повеќе лутина во деновите кога имало сонце и високи температури.
Истражувачите дефинирале и трета група, „Хејтери на дождот“ (луѓе кои го мразат дождот), кои се чувствувале полути и понесреќни во деновите кога времето било влажно.
Резултатите покажале дека таквото влијание на времето е еден вид наследно. Мајките кои го обожавале летото почесто имале деца кои го обожаваат летото, а мајките кои го мразеле дождот почесто имале деца кои не го сакаат влажното време.