Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Лекции инспирирани од моќните квалитети на позитивните луѓе

Лекции инспирирани од моќните квалитети на позитивните луѓе

Што го усреќува човекот и не е некоја голема мистерија. Можат да се извлечат многу моќни лекции од позитивните луѓе кои умеат да си ја исполнат душата со задоволство, развлекувајќи насмевки на сопствените и на туѓите лица.

Среќа

Чашата е секогаш полуполна

Песимизмот води до слабост, оптимизмот до моќ. Позитивните луѓе знаат дека песимизмот е непресушен извор на стравови и дека го тренира мозокот секогаш да ги бара евентуалните потешкотии во можностите, да се фокусира на пречките наместо на достигнувањето на целта. Ним им е кристално јасно дека не можат да видат виножито ако со погледот секогаш нуркаат надолу.

Многумина го оценуваат ваквиот оптимистички став како фантазерски, но бидете сигурни дека позитивните луѓе се всушност прилично практични и реално приземјени.

Жалењето е залудно потрошено време

Што навистина ќе постигнете доколку животот секојдневно си го исполнувате со жалби и поплаки? Позитивните луѓе знаат дека влегувањето во улогата на „жртва на околностите/животот“ е залудно трошење на време и енергија и единствено може да доведе до негативни и деструктивни мисли, од кои не произлегува ништо добро.

Амбицијата е дел од сложувалката

Многумина бродат низ животот со мислата „Што е твое, ќе си дојде“. Среќните луѓе не го препуштаат својот живот на судбината. Тие храбро ја преземаат иницијативата, водени од убедувањето дека секогаш е најдобро да се танцува во ритамот на сопствената музика.

Клучот е во жилавоста

Позитивните луѓе знаат како да го надитрат неуспехот и да го искористат како трамбулина за повторно да се вивнат нагоре. Тие жилаво се исправуваат по секој пораз, не заборавајќи ја јапонската изрека „Падни седум пати, стани осум“.

Среќа

Зјапајте во ѕвездите

Потонувањето во убавината на бесконечното ѕвездено небо не ги брише проблемите на среќните луѓе, но им напомнува колку мали се тие. Ѕвездената „терапија“ им помага да го зачуваат оптимизмот и со него да ги рушат ѕидовите пред себе.

Показалецот не треба секогаш да е насочен кон другите

Да, животот не е фер и одвреме-навреме и најсреќните лица чувствуваат на сопствена кожа удари иницирани или засилени од некој друг. Но, нивниот показалец не е постојано насочен кон другите. Тие знаат да излезат од магичниот круг на посочување и обвинување за да им се избистри погледот и да го обмислат својот следен чекор, а умеат и понекогаш да го свртат показалецот кон себе, мотивирајќи се да станат подобра личност.

Човекот учи додека е жив

За среќните луѓе можноста да се апсорбира знаење не завршува во училишните или факултетските клупи. Тие се доживотни ученици и непрестајно работат на сопствената надградба. Имаат страст за животот, а нивниот ум е постојано жеден за нови информации и искуства.

Знаењето е моќ која не може да ви биде лесно одземена и може да ве направи само посилни.

Учтивоста пред сè

Позитивните луѓе се скромни и умеат да се извинат и да ја признаат својата грешка кога е потребно. Ова воопшто не го сметаат за погазување на гордоста, туку за своја предност.

Сигурни се во своите можности и потенцијалот кој го поседуваат, но не и арогантни. Можеби затоа работите толку лесно им одат од рака.

Среќа

Среќата се крие во малите нешта

Позитивните луѓе се водат според изреката „Ситниците го прават животот“. И додека за други ова изгледа апсурдно и смешно, среќните лица се доказ дека тоа не се само празни зборови.

Секој момент за нив е скапоцен. Замислете зајдисонце во кое се мешаат боите на природата. Додека песимистот започнува да се грижи за утрешниот ден и ментално минува низ обврските кои го очекуваат, среќниот човек ужива во моментот, во убавината која му ги заслепува очите, и е благодарен за денот кој го проживеал. Неговата мисла е дека посакува секој нареден ден да му завршува со волшебно зајдисонце.

Прегрнете ја промената

„Сè се движи, сè се менува“. Среќните луѓе се доволно умни за да знаат дека промената е единствената константна работа во животот и колку побрзо се прифати со позитивна мисла, толку помалку адаптацијата ќе делува страшно и тешко.

Среќа

Смеата е најдобар лек

Рецептот за среќа не е воопшто сложен, а една од клучните состојки е – насмевката. Моќта на насмевката е неоспорна и може да промени навистина многу.

Смејте се секој ден, без разлика колку и да изгледа тешко понекогаш. Смислата за хумор не е генетска предиспозиција со која се раѓаме, туку таа се развива со волја и позитивен став. Позитивните луѓе не ги сфаќаат ниту сериозно ниту трагично шегите на сопствена сметка. Напротив, честопати се иницијатори на нивното споделување.

Постои време и место за сè

Зошто некои луѓе постојано имаат енергија и неугаслив ентузијазам? Веројатно затоа што внимателно ги одбираат „битките“ и времето и местото за нив.

Тие не дозволуваат мислите да им бидат затруени со песимизам. Внимателни се, методични и рационални и не дозволуваат да си ја трошат енергијата на небитни луѓе или ситуации во кои препознаваат дека нема да излезат како победници. Тајмингот е сè во животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.