Меган Фокс и Машин Ган Кели го добија своето прво заедничко дете.
Славниот пар, кој ја раскина веридбата во ноември минатата година, се израдува на доаѓањето на нивната ќеркичка на овој свет.
Убавата вест ја соопшти популарниот рапер на својот Instagram профил. Тој објави кратко видео со рачињата на новороденчето и напиша: „Таа е конечно тука!! Нашето мало небесно семе“.


Меган во 2023 година сподели дека со Машин Ган Кели изгубија едно бебенце поради спонтан абортус.



Фокс има уште три деца од бракот со бившиот Брајан Остин Грин. Таа се раздели со него во 2020 година, а по кратко време започна врска со Машин Ган Кели.

Кели, чие вистинско име е Колсон Бекер, има 15-годишна ќерка од претходна врска.
