Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 13 мали дилеми: Што е подобро за здравјето?

13 мали дилеми: Што е подобро за здравјето?

Малите одлуки кои секојдневно ги донесуваме имаат големо влијание врз нашето здравје. Понекогаш правилниот избор е очигледен, но во многу случаи – не е. Еве неколку мали дилеми, како и нивните одговори кои ќе ви донесат подобро здравје и подобар живот:

Свежи домати или доматен сос?

Доматен сос. Доматите се богат извор на ликопен, антиоксиданс за кој се верува дека помага во превенцијата од неколку видови рак. Во текот на готвењето се ослободува многу поголемо количество ликопен кој може да се апсорбира од телото. За максимален ефект, најдобро е во доматниот сос да додадете малку маслиново масло.

Доматен сосДоматниот сос содржи повеќе ликопен отколку сировите домати

Сланина или колбас?

Сланина. Пржената сланина има помалку калории од обичните колбаси. Најдобро е пред да ја пржите сланината да ја отсечете кората и мал дел од мрсниот слој.

Свежо или сушено овошје?

Свежо овошје. Иако сушеното овошје е попрактично и можете да го носите буквално насекаде за да ви послужи како ужина, кога имате можност, јадете свежо овошје. Тоа содржи поголем процент на вода, што значи дека ќе бидете сити подолго време.

Сушено овошје или јаткасти плодови?

Јаткасти плодови. Јаткастите плодови навистина имаат повеќе калории – во 30 грама јаткасти плодови има околу 167 калории, а во 30 грама суво овошје има околу 69 калории, но тие изобилуваат со витамин Е, протеини и растителни влакна. Кога треба да избирате, одлучете се за јаткасти плодови. Најслаткиот избор е микс од јаткасти плодови и сушено овошје.

Кафе или чај?

Чај. Немате енергија, па сакате да се расоните со чаша кафе? Направете го подобриот избор и земете шолја зелен чај или црн чај. И чајот содржи кофеин кој ќе ве расони, но освен тоа, зелениот и црниот чај се богати со антиоксиданси и играат важна улога во превенцијата од различни болести.

Свеж лук или лук во прав?

Свеж лук. Според истражувачи од Универзитетот Стенфорд, активната состојка во лукот, алицин, лесно може да биде уништена при преработката, па најдобро е да се користи свеж лук.

Јагоди или боровинки?

Боровинки. Никој не може да го негира фактот дека и двете овошја се исклучително добри за здравјето. Но, кога треба да ги споредиме, предност имаат боровинките. Боровинките содржат многу повеќе растителни влакна од јагодите, многу повеќе витамин Е, а исто така и супстанци кои се добри за помнењето.

Брокули или карфиол?

Брокули. Брокулите содржат двојно повеќе растителни влакна од карфиолот.

Јаболко или портокал?

Јаболко. Јаболката носат многу повеќе бенефиции за здравјето во споредба со портокалите. Јаболката го подобруваат варењето на храната, помагаат во слабеењето, го намалуваат холестеролот и го подобруваат функционирањето на белите дробови.

Вино или џин тоник?

Вино. Сите сме слушнале или прочитале колку виното е здраво. Не само што виното влијае позитивно на здравјето, туку и пиејќи вино ќе внесете помалку алкохол во крвта.

Нежна или груба масажа?

Груба масажа. Целта на масажата е да стигне до мускулите и да ги опушти, а не ја стимулира кожата. Сепак, не се препорачува масажата да предизвикува болка.

Добра книга и музика или добар пријател?

Добар пријател. Контактите со луѓето нè исполнуваат така како што не може добрата книга или омилената музика. Времето поминато со пријателите е добро искористено време и добра инвестиција во вашето здравје.

Туш или бања?

Туш. Навистина топлата бања релаксира, но попрепорачливо е едноставното туширање, особено за жените. Лежењето в када го зголемува ризикот од појава на вагинални габични инфекции. Ако сепак решите да се релаксирате во топла бања со купка, најпрво истуширајте се за да не се случи да лежите опкружени со нечистотии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.