Медицинска диета

Медицинската диета е нискокалорична диета која стекна голема популарност поради тоа што ветува брзо слабеење за релативно краток период. Постојат неколку нејзини варијанти, но во главно се базираат на ист метод, т.е. консумирање на малку калории, што несомнено води до намалување на тежината.

Жена држи медицинска диетаМедицинската диета ветува брзи резултати за релативно кратко време

План за оброците

Појадокот секој ден е ист и треба да вклучува:

  • 1 овошен плод (може да е портокал, јаболко, праска, круша, но не треба да е банана или грозје)
  • 1 парче двопек
  • една шолја кафе или чај (без шеќер и без вештачки засладувачи)

Прв ден

Ручек:

  • 1 портокал
  • 1 варено јајце
  • 250-300g кисело млеко

Вечера:

  • 2 домати
  • 1 краставица
  • 2 парчиња двопек

Втор ден

Ручек:

  • 1 портокал
  • 1 варено јајце
  • 250-300g кисело млеко

Вечера:

  • 125g варено телешко месо
  • 1 домат
  • 1 портокал
  • 1 парче двопек
  • кафе или чај без шеќер

Трет ден

Ручек:

  • 1 портокал
  • 1 варено јајце
  • 250-300g кисело млеко
  • салата од марула или една краставица

Вечера:

  • 125g варено телешко месо
  • 1 портокал
  • 1 парче двопек
  • кафе или чај без шеќер

Четврти ден

Ручек:

  • 125g кравјо сирење
  • 1 домат
  • 1 парче двопек

Вечера:

  • 125g варено телешко месо
  • 2 домати
  • 1 јаболко
  • 1 парче двопек

Петти ден

Ручек:

  • 200g варено месо или риба
  • 1 домат
  • 1 двопек

Вечера:

  • 300g обарен морков, грашок или брокула
  • 1 варено јајце
  • 1 домат

Основни правила на диетата

  • Треба да се консумираат сите набројани намирници, без прескокнување и по редоследот по кој се дадени. Намирниците треба да се јадат една по друга и не треба се мешаат.
  • Во текот на диетата не треба да се консумира алкохол.
  • Месото и зеленчуците се консумираат варени во вода зачинета со коцка за супа.

Времетраење и резултати

Првиот циклус на диетата трае пет дена. Шестиот и седмиот ден се прави пауза, а потоа по потреба се започнува нов петдневен циклус. Диетата ветува слабеење со 2-5 килограми во текот на првите пет дена.

За губење на поголема тежина се препорачува диетата да се држи 15 дена, т.е. 3 циклуса. Тоа значи: пет дена диета, два слободни, пет дена диета, два слободни, пет дена диета. Не ја држете оваа диета подолго од 15 дена!

За 15 дена, диетата ветува губење на 10-15 килограми.

По завршувањето на диетата

Во периодот по завршувањето на диетата се препорачува избегнување на мрсна храна, бели печива и шеќер. Освен тоа, еднаш неделно (на пример, во понеделник) треба да се прави прочистување на телото. Менито за тој ден предвидува:

Појадок:

  • чаша вода со цеден сок од еден лимон

Ручек:

  • 1 јаболко
  • 1 двопек

Вечера:

  • 1 варено јајце
  • 1 домат
  • 1 двопек

Негативни страни на диетата

  • Предвидува консумирање на премалку калории. За време на диетата секој ден се внесуваат многу помалку од препорачаните 1.200 калории. (1.200 е минималниот број на калории што жените треба да го внесуваат секојдневно). Поради тоа, може да се појави замор, недостиг на енергија и нервоза.
  • Препорачува намирниците да се консумираат една по друга, според определен редослед. Тоа предизвикува многу луѓе да се откажуваат од одредени намирници и да не ги внесуваат (на пример, на многумина им е тешко да јадат само домат, па го прескокнуваат).
  • Нема никакви ограничувања за двата слободни дена, па некои луѓе за да надоместат, јадат повеќе. Циклусот на гладување во текот на работната седмица, прејадување за време на викендот, па повторно гладување, е шок за организмот.
  • Диетата носи ризик од појава на јо-јо ефект. Брзото слабеење може да доведе до уште побрзо дебелеење по диетата, познато како јо-јо ефект. По завршувањето на диетата не треба да се вратите на стариот начин на исхрана, туку треба да го зголемите внесувањето на зеленчук и овошје и да ја сведете на минимум консумацијата на брза мрсна храна за да не си ги вратите изгубените килограми.
  • Не препорачува физичка активност.

Позитивни страни на диетата

  • ветува брзи резултати;
  • два дена во неделата се слободни денови кога можете да се одморите и физички и психички да се подготвите за наредниот циклус, се разбира, доколку имате потреба;
  • не е потребно многу време за приготвување на храната;
  • не е скапа.

!

Напомена:

Иако диетата е наречена „медицинска“, не треба автоматски да се сфати дека е препорачана и одобрена од доктори! Диетата не ги исполнува условите на она што значи здрава и балансирана исхрана за просечна активна личност, основно поради малиот број на калории кои се внесуваат.

Диетата е популаризирана како „медицинска“ најверојатно затоа што наводно се применува кај пациенти со срцеви заболувања, кои пред операција треба да ја намалат телесната тежина.

Дополнителни информации

Дознајте повеќе за различните варијации на медицинската диета и прочитајте реални искуства и резултати од држењето на диетата на нашиот форум:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19675 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.