Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Совети и диети за предновогодишно слабеење

Совети и диети за предновогодишно слабеење

Најочекуваниот ден се ближи и кај луѓето сè повеќе се создава еуфорија за новогодишната прослава. Секоја жена по 100 пати на ден се премислува за тоа со каква фризура и облека да блесне на дочекот.

Но, тука се појавува и уште еден проблем – фигурата. Откако студот стана секојдневие, дебелите блузи и модерните туники започнаа да ја прикриваат женската фигура и многу жени изгубија осет за натрупаните килограми.

Сега, кога Новата година е на прагот, ако имате желба и волја за слабеење најдобро е да се посветите на здравата храна и физичката активност. Но, ако сакате брзи резултати, тогаш изберете построга диета. Сепак, треба да знаете дека брзите диети не нудат долготрајно слабеење и се јавува јо-јо ефектот.

Новогодишна диета

Еве две диети кои ќе ви овозможат лесно да го намалите стомачето и да се чувствувате посекси на новогодишната прослава.

Диета „2 дена – 2 килограми помалку“

Ако сте од оние кои не можат да се мачат со секојдневна контрола во исхраната, еве една едноставна диета со која можете да ослабете 2 килограми за два дена.

Вашето мени за еден ден треба да содржи:
  • 100 грама кревко пилешко или телешко месо;
  • 4 парчиња двопек;
  • 4 јаболка;
  • сок од 1 лимон растворен во вода.

Распоредете ги како што сакате, но најдобро е поголемиот дел од храната да ја внесувате во првиот дел од денот. Практикувајте ја оваа диета само два дена.

Тридневна диета

Во секое од следните дневни менија се вклучени околу 800 калории. Тоа е со 400 калории под минималните препорачани дневни потреби за жените. Затоа е многу важно да не ја практикувате оваа диета подолго од три дена и да ја применувате само ако сте подготвени за ваков тип на слабеење. Со оваа диета ќе изгубите 2,5-3 килограми.

Прв ден

Појадок: едно варено јајце; 1 парче интегрален леб; 250 гр. краставици и кафе без шеќер.

Ручек: салата од 1 домат, половина главица кромид, 2 пиперки, 1 варено јајце и магдонос. Зачинете ја салатата со сок од половина лимон, сол и црна пипер.

Вечера: 150гр. варено пилешко, еден домат, една краставица и едно парче двопек. Можете доматот и краставицата да ги зачините со половина лажичка маслиново масло.

Втор ден

Појадок: Две парчиња интегрален леб премачкани со тенок слој путер; два домати и една супена лажица изварка.

Ручек: 150 грама риба на скара, зачинета со сок од лимон малку сол; салата со една краставица и половина главица кромид.

Вечера: 4 печени јаболка зачинети со цимет.

Трет ден

Појадок: 300 грама овошни плодови како јагоди, капинки, боровинки, јаболка и авокадо; 250 милилитри јогурт.

Ручек: 100 грама варено пилешко со 100 грама зелка и еден домат.

Вечера: Ставете 100 грама свежи печурки со малку вода и ½ лажичка маслиново масло да се готви. Кога ќе испари водата, тргнете го тавчето од оган и додајте 30 грама варена пченка, малку кромид, 200 грама краставица, магдонос и црна пипер.

Можете да слабеете и со:

Седумдневната диета - до 7 килограми за 7 дена

Лимоновата диета

Диетата со супа од зелка - до 5 килограми за 7 дена

Совети за слабеење

Секоја диета бара време и енергија. Ако не можете да се придржувате кон строги диети поради кои треба да внимавате на секој залак, ви препорачуваме да ги следите следните совети за да си ја вратите убавата фигура пред Новата година.

  1. Пијте многу вода. Водата има многу позитивни страни, таа не содржи калории и може значително да ви го намали гладот.
  2. Не го прескокнувајте појадокот. Сигурно многупати сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тоа е чиста вистина. Доколку го прескокнете појадокот сметајќи дека така ќе внесете помалку калории во текот на денот, ризикувате подоцна постојано да чувствувате глад. Богатиот појадок ќе ве држи сити во текот на целиот ден и ќе го избегнете прејадувањето.
  3. Не јадете два часа пред да си легнете. Јадете помалку навечер, затоа што тогаш сте помалку активни. Обидете се да внесувате 2/3 од дневните калории во текот на првата половина од денот. Доколку не можете да издржите, направете си салата со краставица. Краставицата во најголем дел е вода.
  4. Нова година Контролирајте ја големината на порциите. Подобро е да јадете неколку пати во денот, но мали порции. Не си ставајте во чинијата многу. Луѓето најчесто се навикнати да јадат додека не ја испразнат чинијата, без разлика дали тоа ќе предизвика прејадување или не. Внимавајте кога сте излезени во ресторан. Порциите во рестораните содржат многу повеќе храна, отколку што вам ви е потребна. За да не се искушувате, можете да порачате да ви спаковаат дел од порцијата за дома или да ја поделите со вашите пријатели или партнерот.
  5. Движете се. Навистина е потешко да пешачите и да се движите повеќе додека надвор врне дожд или снег, но ако сакате да не ставите врз себе од „зимските“ килограми, тогаш најдобро е да си најдете активност на затворено. Скокајте на јаже, одете на часови по аеробик или дома вежбајте Тае Бо.
  6. Бидете мотивирани. За да не се предадете во борбата со килограмите, треба да бидете мотивирани и да останете мотивирани. Може да најдете своја пријателка која сака да ослаби и взаемно да се поттикнувате. Поставете си реална цел за слабеење, за да не останете разочарани.
  7. Избегнете го емоционалното прејадување. Кај многу луѓе претпразничната атмосфера создава депресија. Често се случува утехата да се бара токму во храната. Депресивните луѓе се посклони кон чоколадото и тестенините, па поради тоа килограмите лесно напаѓаат. Ако се чувствувате депресивно, дополнително треба да внимавате на исхраната. Секогаш кога ќе посегнете по храна, размислете дали навистина сте гладни или вашата желба за јадење е породена од лошото расположение.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.